Тајните бункepи на лидерите на Русија и САД сигурно имаат нешто заедничко – ниту самите претседатели, ниту пак некој друг од властите не говори ништо за нив, а јавноста располага со малку информации. Сепак, постојат неколку информации за засолништата на двајцата светски лидери кои испливале во јавност.
Пред две години, кога се одржа првиот состанок меѓу претседателот на САД и рускиот претседател, Пентагон објави извештај во кој се спомнуваат двата тајни бункери на Пyтин, кои наводно се направени во центарот на Москва- едниот е точно под Кремљ, а другиот покрај Московскиот државен унверзитет. Западните медиуми активно пишуваа за карактеристиките на тие објекти, повикувајќи се на документите кои ги објави Министерството за одбрана на САД.
Судејќи по информациите, двата бункери се наоѓаат на длабочина од 300 метри и можат да примат и до 10.000 луѓе. Меѓусебно се поврзани и имаат железничка инфраструктура која овозможува да стигнат до стратешки важните објекти. Пентагон исто така објави информации за двата посебни бункери во Москва, кои се снабден со храна и други средства со кои може да се преживее неколку месеци.