Марко Марковиќ ја напушти македонската Јутјуб сцена.
Секоја генерација има свои идоли, а во оваа нова, дигитална доба тоа се јутјуберите.
Еден од нив беше и Марко Марковиќ, познат под псевдонимот GP, кој веќе една деценија создаваше различни содржини кои имаа за цел да ги забавуваат корисниците на Јутјуб. Со оглед на тоа што тој има скоро 260 илјади претплатници на неговиот канал, Марко е најуспешниот Македонец на Јутјуб.
„Благодарение на Јутјуб, цело време се спојувам со погрешни личности. Мислам дека не запознав ниту еден асален човек преку Јутјуб. Кај 99 отсто од луѓето коишто се во овој бизнис има многу лицемерие, многу зборување позади грб, многу љубомора, многу алчност за пари“, вели Марко.