Научниците од Универзитетот во Риверсајд откриле материјал кој сам ги поправа гребаниците и оштетувањата. Тој е провиден и водлив, а може да се употреби и за заштитита на екраните од мобилните телефони, пишува “Бизнис Инсајдер”.
Кршењето на екранот е најголем проблем кај сопствениците на скапи мобилни телефони, а другиот проблем се гребаниците. Новиот материјал ќе го отстрани стравот, бидеќи е во состојба да ги “залечи” сите гребаници, а во случај на пукнатини, во рок од 24 часа ќе ги спои делчињата на екранот.
Материјалот е составен од синтетички полимер и соли, чии делови меѓусебно се врзуваат со јонско-диполна врска, која настанува меѓу јони и диполни молекули. Кога материјалот ќе се скрши, јоните и молекулите меѓусебно се привлекуваат и “зараснуваат”.
Ф.Г.