По повод Меѓународниот ден на енергетска ефикасност, премиерот Зоран Заев придружуван од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев на увид на новата реконструирана градинка „Мајски цвет“.
Премиерот денеска видно расположен ги пофали новинарите и новинарките кои го следеа настанот.
„Убав пролетен ден денеска. Да ви кажам дека сте многу убави сите и новинарите и новинарките, посебно новинарките. Да му дадеме малку шмек на денот, убава пролет доаѓа“, кажа Заев.