(Видео) Ова е еликсирот на Путин со кој се освежувал за време на конференцијата: Рускиот претседател ги откри состојките во него

Завршната годишна конференција за медиумите на рускиот претседател Владимир Путин траела неколку часа, а додека одговарал на бројни прашања не останало незабележано дека повремено се освежувал со некој напиток.

Како што открил на крајот на конференцијата, станува збор за чај од сибирски треви.

„Тоа е чај. Дури не е ни чај, туку сварени сибирски треви“, рекол Путин.

Конференцијата траела 4 часа и 29 минути, а за неа се акредитирале скоро 800 новинари. Претседателот на Русија одговорил на 60 прашања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.