(Видео) Ова го може само тој: Кунг-фу Златан во акциja!

Искусниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го привлече целото внимание на фудбалската јавност со необичното загревање пред излегувањето на теренот.

Фудбалерите на Милан во 17. коло на Серија А го совладаа Торино со резултат 2-0, а мечот го одбележа враќањето на Златан назат на теренот.

Ибрахимовиќ, кој се опорави од повредата, влезе во игра во 85-та минута.

Феноменалниот 39-годишен фудбалер не успеа да постигне гол, но повторно го привлече целото внимание со своето несекојдневно загревање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.