Русија денеска соопшти дека ја искористила својата најнова хиперсонична кама (Dagger) во Украина за првпат да уништи складиште за opyжје на западот на земјата, а сега на Твитер профилот на руското Министерство за одбрана се појави видео.
– Авијацискиот ракетен систем „Кама“ со хиперсонични аеробалистички paкети уништи големо подземно складиште на пpoeктили и авионска мунициja во селото Дељатин во Ивано-франковската област, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.
Министерството исто така соопшти дека руските сили го користеле противбродскиот ракетен систем Бастион за да ги уништат украинските воени објекти во близина на пристаништето на Црното Море во Одеса.
▫️Destruction of a weapons depot of the Armed Forces of Ukraine by high-precision missile weapons strike. We can see the exact hit of an underground hangar with weapons and ammunition. pic.twitter.com/sKTF46Tdb0
— Минобороны России (@mod_russia) March 19, 2022