Американскиот претседател Барак Обама гостуваше во големата градска сала во виетнамскиот град Хо Ши Мин. На Обама во еден момент му се обрати една девојка која го натера да “битбоксува” како рапер.
Девојката Ханг Лам Транг Ан, попозната по своето уметничко име Suboi, започна разговор со американскиот претседател, па потоа тој ја замоли нешто да отпева.
Инаку ова е девојката, која во Виетнам е позната како “кралица на хип-хопот”.
Oбама сакаше да ја поддржи во нејзиниот настап па во еден момент започна да битбоксува на кратко.
A.Г.