(Видео) Нajдебелото дете на cветот имаше 192 килогpaми – ocлабе цели 108 килограми и денеска изгледа вака

Арја Пермана (14) јадел само нездрава храна, се капел во мал базен во дворот, не одел дури ниту во училиште, бидејќи одењето било сериозен предизвик за него, а таквиот начин на живот го довел до тоа да има 192 килограми и “титула“ за најдебелото дете на светот.

„Тој за еден оброк јаде она што би го изеле две лица. Секогаш е уморен и се жали дека не може да дише нормално. Само јаде и спие или со часови се капе во базенот“, рекла мајка му во една прилика за странските медиуми.

Еден ден, лекарот му вовел сериозна диета која се базира на овошје и зеленчук, секојдневно морал да се движи, да тренира, да плива, а дури после четири месеци загубил 9 килограми.

Неговите родители биле сериозно загрижени за здравјето на нивниот син, па во разговор со лекарите одлучиле да направи операција која ќе му го спаси животот.

Момчето пред две години било оперирано, а за време на интервенцијата имало 186 килограми. Еден месец после операцијата тежело 169 килограми.

Неговата мајка вели дека Арја и понатаму е гладен, но неговиот желудник едноставно не може да прими толку храна колку што внесувал пред операцијата.

Досега Арја Пермана после операцијата успеал да ослабне 108 килограми, а го очекува и операција за затегнување на кожата, која виси од него како последица од слабеењето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.