Археолозите на брогот од Португалија пронашле брод стар 400 години, за кој се верува дека потонал кога се враќал од Индија полн со зачини.
– Ова е откритие на деценијата. Во Португалија ова е најзначајното откритие на сите времиња – изјави денес директорот на истражувачкиот проект, Жорж Фрејр, пренесува Ројтерс.
Во пронајдените остатоци и околу нив, кои се наоѓаат на 12 метри длабочина, пронајдени се зачини, девет бронзени топови на кои е гравиран португалскиот грб, кинеска керамика и школки кои се користеле како пари за трговија со робови.
Arqueologia: Descoberta Nau da Carreira da Índia naufragada ao largo de Cascais https://t.co/mhSBwiX9wv
— Público (@Publico) September 22, 2018