Сириската војска синоќа соопшти дека ракети ги погодиле воените бази во провинциите Хама и Алепо. Државната телевизија пренесе дека овие напади се дело на непријателите.
Иранската агенција Исна објави, цитирајќи странски извори, дека во синоќешните ракетни напади на северот на Сирија се убиени 40 луѓе, а 60 се ранети, нагласувајќи дела меѓу жртвите има и 18 Иранци.