Новиот “Бермудски триаголник” се отвори во Кина откако 85 товарни и патнички бродови исчезнаа во изминативе неколку години.
Мистеријата која го опфаќа исчезнувањето на товарните и патничките бродови во азиските води ги загрижува експертите во регионот.
Некои стравуваат дека оваа проблематична зона ќе продолжи да зема жртви, откако 6 од десетте најголеми загуби се случија во близина на азискито тло.
Според извештаите на компанијата за осигурување , “Allianz subsidiary Global Corporate & Specialty”, водите околу јужниот дел на Кина, Индонезија и Филипините се место на кое една четвртина од исчезнатите бродови завршиле, пренесува германскиот весник “Велт”.