Новинар од Флорида кој сакал да го искористи слободното време за возење со велосипед низ природа, снимил страшна борба меѓу питон и алигатор.
Џо Капоци, новинар од Palm Beach Post, возел велосипед низ националниот парк “Big Cypress” кога слушнал чудни звуци.
“Бев преплашен и восхитен во исто време. Борбата меѓу питонот и пленот изгледаше грациозно, како балет во вода”, напишал тој.
“Питонот со долниот дел од телото се замота околу алигаторот, како би го држел под вода”.
Бурманските питони, како овој на видеото, се многу распространети во Флорида. Иако Северна Америка не нивна “татковина”, се населиле таму главно поради неодговорни сопственици на егзотични миленици, кои повеќе не можат да се грижат за нив, па ги пуштаат во дивината.
Ф.Г.