Државната полициja на Минесота утрово го yaпcи, без образложение, новинарот и трочлената екипа на СиЕнЕн додека известуваа за демонстрациите во Минеаполис.
За време на преносот во живо, новинарот Омар Хименез беше опколен од шест припадници на полицијата.
– Кажете ни зошто сакате да заминеме- им се обрати Хименез на полицајците, меѓутоа, без одговор беше yaпceн и спроведен во полициската станица.
-Зошто сум yaпceн, господине, прашуваше новинарот, но полицајците не му одговараа.
Гувернерот на државата Минесота, Рим Валц, прогласи вонредна состојба и нареди интервенција на Националната гарда.