Новинарот на Клан ТВ, Фуркан Салиу упати прашање до еврокомесарот Јоханес Хан, а во своето прашање тој ја изрази разочараноста за Европските интеграции на земјата кои засега се без успех и покрај промената на уставното име.
-Што би му кажале на еден млад македонски граѓанин кој ја има изгубено довербата во Европската Унија и си вели еве ни го сменија името, а не ни дадоа ниту датум за преговори со ЕУ. Граѓанин кој што е иморен гледајќи ги своите родители како трпат неправди, живеат без нормални примања и е уморен да чека подобро утре и сака што побрзо да си замине од овде?, запраша Салиу.
Реакцијата, мимиките и гримасите на премиерот Заев додека новинарот Салиу го упатуваше своето прашање говорат за немоќта да се справиме со овој проблем.