Видео: Новинарот на Си-Eн-Eн напијан го водеше преносот од новогодишната ноќ

Познатиот новинар на CNN, Андерсон Купер, се напи за време на преносот на дочекот на Новата година на Тајмс Сквер, заедно со неговиот помлад колега.

Двајцата новинари се напија текила за време на преносот од дочекот на њујоршкиот Тајмс Сквер. Купер самиот си кажа дека не е навикнат на алкохол и дека ќе му биде тешко да го продолжи преносот.

Мислам дека ми изгореа дробовите, рече Купер по првата чашка.

Неговиот колега Енди Коен на тоа му одговори: „Ова е само почеток“.

Откако испи наколку чашки, почна да зборува драматично и да прави гримаси, а во еден момент рече дека му е страв да не го зграби и бакне колегата.

Ова не е прв пат новинари на CNN да прават чудни работи за време на директни јавувања. Имаше случаи кога новинар си го дупна увото, некои се соблекуваа, а некои пушеа марихуана, пишува Вашингтон Пост.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.