Mајк Тајсон направи неверојатна трансформација на телото и е во одлична форма откако тренира со Витор Белфорд, пред неговото враќање во рингот.
“Челичниот Мајк” откри дека има намера да му се врати на боксот и да се натпреварува во неколку хуманитарни борби.
Тајсон продолжи да ги забавува фановите со фотографии и видеа на социјалните мрежи во изминативе неколку недели.
53-year-old @MikeTyson is looking STRONG ?
(via @HenryCejudo / IG) pic.twitter.com/wunspVkL9h
— DAZN USA (@DAZN_USA) May 25, 2020
Tajсон направи неверојатна трансформација, но нема боксувано од неговата последна борба со Дени Вилијамс.
MMA легендата Тито Ортиз неодамна откри дека постои можност да се соочи со поранешниот шампион во тешка категорија. “Имав телефонски повик и некој започна да ме прашува дали сум заинтересиран за борба против Мајк Тајсон? Бев изненаден. Но ова е можност која ја сакам. Прифаќам”.