(Видео) НОВА ПОБЕДА ЗА TPAМП: Ќе се гради ѕид на границата со Мексико – Пентагон ќе префрли 1.5 милијарди долари за неговата изградба

Американскиот министер за одбрана Патрик Шенахан одобри префрлање на 1.5 милијарди долари за изградба на 130 километри ѕид на границата со Мексико.

Во оваа сума ќе влезат и околу 600 милиони долари кои се земени од сметката наменета за силите во Авганистан. Овој потег наиде на отпор од страна на Демократите кои во март го критикуваа префрлањето на средства за финансирање на ѕидот.

“Средствата се собрани од различни извори, вклучувајќи ги заштедите, програмските промени и ревидираните барања, што ќе имаат минимално влијание на подготвеноста на силите”, наведува Шенахан во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.