Ловците на духови во потрага по авантура одлучија да ја посетат злогласената и напуштена психијатриска болница Елоиз во Вестленд, Мичиген.
Иако очекуваа да пронајдат нешто необично, сепак не се надеваа дека толку ќе се исплашат.
“Велат дека секој ден овде се случуваат чудни работи, се слушаат гласови, се гледаат силуети, вратите се отвараат и слично. Моравме да ја напуштиме зградата од страв”, призна Тод Бонер.
Тимот на истражувачи од Детроит се движеше низ мрачниот ходник кога одеднаш слушнаа вресок. На глас кажаа дека заминуваат, како да се обраќаат на некој дух.