Милијардерот и основач на авио-компанијата “Вирџин” Ричард Бренсон ќе се придружи во новата мисија која има за цел да ја реши најголемата мистерија на океанот, Големата сина дупка во Белизе.
Големата сина дупка претставува најголемиот понор во океанот широк 300 метри, а длабок 125 метри.
Откриена е во 1971 година кога истражувачот Жак Косто успеал да ја види на мапа и потоа и да ја истражи нејзината длабочина. Кусто ова место го прогласил за едно од најдобрите пет места за нуркање во целиот свет.