(Видео) Не е лесно да се биде претседател во Русија: Путин учествуваше во Ноќната хокеарска лига на Црвениот плоштад

Претседателот на Русија, Владимир Путин, учествуваше во новогодишната утакмица на Ноќната хокеарска лига, која започна во средата на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва.

Рускиот лидер традиционално го носеше бројот 11.

Заедно со него, во екипата на црвените играше и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендата на рускиот хокеј Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов и други, пренесува Спутник.

Телевизијата Русија24 прикажа снимка на која Путин на паузата разговара со бизнисменот Генадиј Тимченко. Претсеталот му рече дека многу малку спие во последно време, а бизнисменот му забележа дека премногу се заморува на работа.

“Сепак мора да се најде време за тренинзи”, вели Тимченко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.