(Видео) Нејзината куќа е царство на 500 мачки: Марјам вдомила и 12 кучиња – сите се бopат за нејзиното внимание

И покрај поплаките на соседите и големите трошоци, Марјам ал Балуши, пензионирана државна службеничка од Оман, не се откажува од своите 480 мачки и 12 кучиња.

“Сметам дека животните, особено мачките и кучињата, се полојални од луѓето”, вели таа, додека десетици мачки и кучиња се борат за нејзиното внимание на креветот, пренесува агенцијата Франс Прес.

Марјам ал Башури, која како дете ги изгубила родителите, вели дека се идентификува со своите крзнени пријатели, кои ги спасува од уличниот живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.