Светските медиуми пренесуваа за чудниот монолит кој беше пронајден во Јута, Америка, кој набрзо потоа мистериозно исчезна. Тоа не би било толку чудно доколку сличен таков монолит не беше забележан и во Романија.
Необичната структура, висока околу 4 метри, беше забележана на североистокот од земјата во близина на градот Пјатра Нјамц, на блискиот рид Доамнеи.
Се наоѓа до тврдината Петродава, најстариот историски локалитет во Пјатра Нјамц.
“Започнавме да ја истражуваме чудната структура на монолитот. Се наоѓа на приватно земјиште, па не знаеме кој е сопственик на скулптурата. Се наоѓа и на заштитено и археолошко подрачје”.