Македонското дуо Илија Несторовски- Александар Трајковски му донесе многу важна победа на Палермо на гостувањето кај Џенова.
Сицилијанскиот тим славеше победа од неверојатни 4:3, иако домаќинот Џенова имаше предност од 3:1 и ретко кој веруваше дека Палермо може да дојде до ваков подвиг.
Победоносниот гол за Палермо го постигна Александар Трајковски во 90-тата минута, на асистенција на уште еден Македонец, Илија Несторовски.