(Видео) Несекојдневно откритие на научниците: Планета со големина на планетата Земја лута во нашата галаксија

Планета идентично голема како и Земја лута низ нашата галаксија и не е врзана за некој ѕвезден систем, како нашиот Сончев систем.

Научниците веруваат дека постои огромен број на планети кои слободно се движат низ вселената, но до сега се откриени само неколку од нив. Планетите кои до сега беа откриени имаа огромна големина, oдносно од 600 до 1.200 пати поголеми од нашата планета. Меѓутоа, научниците сега открија една “слободна” планета со големина на Земја како се движи низ нашата галасија, “Млечниот пат”.

Ова откритие, објавено во списанието Астрофизички журнал, може да биде доказ дека во вселената постојат огромен број такви планети, кои не се преголеми, а истовремено не се врзани за некој соларен систем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.