ВИДЕО: Нема веќе респект за империјализмот, се пука со боева муниција: Кина влегува во војна со Америка, се вршат масовни подготовки.

kina-podmornica-helikopter-more-brod-600x334

Кинескиот министер за одбрана Чанг Ванкван предупредува дека напнатата ситуација во Јужнокинеското море претставува закана за директни судири и ја повикува војската, полицијата и јавноста да бидат спремни за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Ванкван повикува за зголемени припреми за “војна на море” додека Пекинг бара “одбрана на суверенитетот”. Исто така побарал во јавноста да се промовира националната одбрана.

Предупредувањето пристигнало по еден ден откако Кина организирала масовна поморска вежба, која би требало да ја припреми државата за “ненадејна, сурова и брза” војна.

Министерот тврди дека јавноста мора да биде обучена кога е во прашање националната одбрана затоа што се доведени во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет. Изјавата на министерот се однесува на тензиите околу спорните острови во Јужнокинеското море во кое Пекинг гради авионски писти и воени објекти, а на кои право имаат и други азиски држави.

Американската морнарица испратила воени бродови и авиони во непосредна близина на спорните острови, тврдеќи дека тоа го направила за да го осигура принципот за слобода на движење во меѓународните води. Исто така, Америка била вмешана и во неколку воени вежби во тој регион.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.