(Видео) Неверојатно откритие: Откриени тајните на Xитлep на Арктикот

Делот од тајниот “Арктички проект” на Третиот pajx и ден денес ја интригира јавноста, а еден негов дел се чува во музејот на националниот парк “Руски Арктик”. Во овој музеј во 2016 година се доставени остатоци од тајната германска метеоролошка станица која била во функција од 1943-1944 година на арктичкиот архипелаг.

Познато е дека naциcтите организирале експедиции во разни делови од светот како би реализирале научни истражувања. Меѓутоа, тоа главно биле археолошки експедиции. Кога станува збор за Арктикот, постојат теории дека Xитлep таму наводно планирал да пронајде таен премин кон центарот на Земјата.

И покрај разните приказни кои кружат, целите на naцистите биле далеку пореалистични. Уште пред започнувањето на Втората светска вojна, германската команда започнала да прави планови за Северен морски пат.

Во 1931 година, додека СССР и Германија сеуште биле во добри односи, познатиот креатор на цепелини Хуго Екенер, заедно со група германски истражувачи учествувал во меѓународна арктичка експедиција. Воздушниот брод “Граф Цепелин” со тимот советски и германски научници тргнал од Ленинград до Земјата на Фрајно Јосиф, а потоа кон Северната Земја. Последната станица бил Берлин. Советското раководство без размислување го одобрило тој лет, бидејќи арктичкиот регион во тој период бил неистражен пуст простор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.