(Видео) Неверојатно откритие на археолозите во древниот град

Американски и израелски археолози во близина на древниот град Тел Дор во Израел пронашле докази дека израелскиот брег пред 9.300 и 9.900 години бил погоден од цyнaми висок 40 метри, уништyвajќи ги сите неолитски населби, соопштуваат истражувачите.

Во статијата објавена во списанието “PloS One”, археолозите навеле дека нивниот проект е базиран на проучување на климата долж израелскиот брег во последните 12.000 години.

“Фокусот е на реконструкција на климатските промени. Тоа значи дека пронајдовме докази за праисториско цyнaми во Израел”, се наведува во текстот, пренесува “Tas s”.

Научниците велат дека на почетокот од неолитот, пред околу 10.000 години, брегот кој денес го знаеме, бил четири километри оддалечен од денешната локација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.