Археолозите во бугарскиот град Бургас откриле ритуална jaма која датира од 4 или 5 век пред нашата ера.
Во внатрешноста на ритуалната jaма пронајдени се голем број на антички керамички садови, соопшти Мирослав Класнаков, лидерот на ова истражување кое го спроведе Регионалниот историски музеј во Бургас. Класнаков вели дека до сега се откриени 14 вакви ритуални jaми кои се наоѓаат во близина на новооткријаната, а во нив се пронајдени голем број на предмети.
Риталното светилиште е пронајдено откако новинар на агенцијата БТА забележал неколку необични садови на градежно земјиште. Тој веднаш се посомневал дека се работи за предемети со големо историско значење и ја известил полицијата.