(Видео) Неверојатна љубовна приказна: Посадил илјадници цвеќиња за неговата слепа сопруга да може да ужива во миризбата

Оваа приказна е доказ дека љубовта го движи светот. Да се има вистинската личност покрај себе, во добро и лошо, е вистински благослов.

Кога постои вистинска љубов, тогаш сте подготвени да направите се’ таа личност да ја направите среќна.

Господин и госпоѓа Куроки се во брак од 1956 година и среќно живеат на нивната фарма во Шинтоми, Мијазаки, Јапонија. По три децении напорна работа тие сакале да патуваат низ земјата, но и во други држави во светот.

Меѓутоа, дека неможе се да “тече” по план, госпоѓа Куроки го загубила видот поради компликација која ја предизвикал дијабетесот, на 52 годишна возраст. Тоа бил голем шок за неа. Западнала во голема депресија и ги прекинала сите врски со надворешниот свет, поминувајќи го времето затворена дома и во страдање.

Но иако се криела од остатокот на светот, нејзиниот сопруг се обиедел да и го донесе светот дома.

Тој имал мала градина со розови цвеќиња кои луѓето ги обожавале, но ги сакала и неговата сопруга.

Поради тоа, тој се одлучил да засади илјадници цветови околу нивната фарма, надевајќи се дека тоа ќе ја израдува неговата сопруга.

По две години садење и напорна работа, фармата станала вистинска туристичка атракција во Мијазаки.

Сега таму има музеј во кој се раскажува љубовната приказна на господин и госпоѓа Куроки. Секоја пролет, кога расцветуваат цветовите, околу 7.000 туристи доаѓаат да и се восхитуваат на градината и на вистинската љубов на овие луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.