Европската вселенска агенција објави спектакуларно видео од кратерот на Марс кој дава надеж, дека некогаш би можел да се развие живот на црвената планета.
Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од опвршината на овој кратер, направени со стерео камера со висока резолуција.
Кратерот Королјев се наоѓа на северниот дел од Марс и е исполнет со мраз за време на целата година.
Кратерот го добил своето име по Сергеј Павловиќ Королјев, главниот советски ракетен инженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како “татко на руската вселенска технологија”.