(Видео) Неверојатна глетка: Авион лета, а позади него создава виножито

Боинг 777-2ДЗ од компанијата “Катар еврејс” летајќи над австралискиот град Брисбејн направи неверојатна глетка. Млазните мотори оставаа трага на небото во бои на виножито.

Трагот кој го остава авионот е облак цирус кој го создаваат моторите. Кога водената пареа во облик на капки се собира околу честичките земја, чад, полен и сол кои летаат на небото, настануваат облаци. Водената пареа која излегува од моторот на авионот, заедно со издувните гасови со несогорените честички на чадот, исто така формираат облаци. Млазните авиони летаат на висина каде воздухот е многу ладен, до -57 степени, водената пареа која излегува од моторот се смрзнува за неколку секунди и така настанува долг замрзнат облак. Тој облак се нарекува кондензационен облак.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.