Михаел Шумахер, кој пред пет години на скијање доживеа тешка повреда на главата поради која шест месеци помина во кома, ја напушти вилата во Швајцарија, во која престојуваше по префрлањето од болница.
Животот на Михаел Шумахер и понатаму се држи во тајност, но германскиот магазин “Бунте” успеа да дознае каде се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1, а со оваа стотија објавија и ексклузивни фотографии.
Семејството го префрлило Михаел од Швајцарија во Мајорка на крајот на минатата година, па славниот возач во Шпанија го дочекал Божиќ, Нова Година, но и својот 50-ти роденден.
Со приватен хеликоптер од местото Глад на Женевското езеро, каде Шумахер живееше, тој е пренесен во вилата Јасмин, чиј сопственик е тој, во Д’Андракс.
Во тој предел живеат екстремно богати луѓе, а соседите сведочат дека го виделе Михаел.