“Челичниот Мајк” повторно е во неверојатна форма, без оглед на тоа што ја “раситна” шестата деценија.
Мајк Тајсон ја демонстрираше својата сила и брзина на новото видео кое стана вирално на социјалните мрежи. Во последно време се повеќе се пишува за неговото враќање во рингот и тоа на дуел со уште еден ветеран, Ивандер Холифилд.
“Нашите луѓе разговараат, но сеуште не сме стигнале до цврст договор. Работиме на тоа. Двајцата трениравме и луѓето започнаа да зборуваат и така собравме два и два и дојдовме до заклучок”, изјави Холифилд.