(Видео) На северот од Европа се гради најдолгиот подводен тунел во светот

Изградбата на најдолгиот подводен авто-тунел на светот, кој ќе ги поврзува Данска и Германија, ќе започне во јануари следната година, изјави данскиот министер за сообраќај.

Железничкиот авто-тунел ќе биде долг 17 километри, ќе опфати електрична железница со два колосека и автопат со четири ленти, ќе го поврзува данскиот остров Лоланд и Путгарден во северна Германија.

Данската влада напрво ги направи плановите за проектот во 2015 година, а завршувањето е планирано во 2024 година. Се проценува дека целиот проект ќе чини 7.6 милијарди американски долари по цена од 2015 година, според фондот Фемерн Белт Девелопмент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.