(Видео) На ова ли мислеше градоначалникот? Гејзер се појави среде прилепско поле

Се појави голема вода, нешто како гејзер – со овие зборови градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, го правдаше доцнењето на изградбата на мостот во населбата “Сточен пазар” во мај минатата година.

Тоа предизвика смеа тогаш на социјалните мрежи, но дали Јованоски беше во право и дали навистина има гејзери во Прилеп….?

Наидовме на нешто такво денеска покрај патот Прилеп-Витолиште, па дали градоначалникот мислеше на ова?

Сепак не, се работи за пукната цевка, веројатно од системот за наводнување, па нека биде ова апел до надлежните да реагираат за да не се троши водата залудно.

А ќе се потсетиме и на изјавата за гејзерите на Јованоски во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.