На неколку километри од Режевич, рибари од Будва забележале ајкула долга три метри.
Мирко Ѓуровиќ од Институтот за биологија на морето за порталот РТЦГ рече дека станува збор за вид на сина ајкула која живее во Јадранот, загpoзен и заштитен вид и најчесто не е oпacна за луѓето.
“Кратко време пливаше покрај чамецот, а потоа се оддалечи”, наведено е во описот на видеото кое го сними Бранко Драгишиќ.
Од Институтот за биологија на морето рекоа дека за време на пролет женките може да се видат околу песочните плажи или плитките заливи, каде раѓаат мал број на живи младенчиња кои се во должина од 30-50 центриметри.