Oткако се прошири веста дека принцот Хари (35) и војвотката Меган Маркл (38) се повлекуваат од кралската должност, целото семејство е разочарано. Принцот Вилијам призна дека е очајнички тажен, бидејќи блиската врска меѓу него и Хари сега веќе не постои.
Вилијам изјави дека сега не е во можност ниту рака да му подаде на својот брат.
“Целиот живот го прегрнував мојот брат, сега повеќе тоа не сакам да го правам. Сега сме две посебни целини”, додаде Војводата од Кембриџ, видно вознемирен што неговиот брат сака да биде финансиски независен. Меѓутоа, сепак се надева дека Хари и Меган уште еднаш “ќе пеат од иста страница”.