Страниците на историјата се испишани пред 51 година кога двајца Американци, Нил Армстронг и Едвин Баз Олдрин, слетаа на Месечината.
Тој 21 јули 1969 година во 22.56 часот по источно време, додека 600 милиони луѓе ширум светот го гледаа на телевизија неверојатниот подвиг, Армстронг зачекори на површината од Месечината и ја изговори познатата реченица “Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото”.
Слетувањето на Месечината е едно од најважните обележја на човечката цивилизација, а неговото значење се истакнува и денес. Меѓутоа, веројатно ниту еден друг настан не предизвикал толку контроверзи и теории на заговор како овој, а половина век покасно повторно се поставува прашањето:”Кој ги фотографираше и зошто на фотографијата не се гледаат ѕвездите?”.