(ВИДЕО) НА ГОСТИ КАЈ ПУТИН: Рускиот претседател се пошегува на сметка на Хабиб

Рускиот претседател Владимир Путин го угости шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов.

Нурмагомедов по борбата изјави дека рускиот претседател веднаш му се јавил и му рекол дека е горд на него.

“Горд сум. Мекгрегор се сликаше со Путин, но мене Путин ми се јави и ми рече дека е горд на мене”, рече рускиот борец по историската борба.

Претседателот на Русија му честиташе на Нурмагомедов за титулата и во пријатна атмосфера разговараа за борбата. На приемот учествуваше и таткото на Хабиб.

Заедно пиеја топли пијалоци и јадеа свежо овошје, а Путин ја искористи можноста да нагласи дека и тој е голем љубител на боречките спортови.

Претседателот се пошегува на сметка на Хабиб, па прокоментира дека рекол на татко му да не го тепа дома поради хаосот во октагонот.

“Ти честитам, ја постигна својата цел, му реков на татко ти да не те тепа”, рече Путин.

Нурмагомедов рече дека му е жал што изгубил контрола, но додаде дека слушнал како го навредуваат неговиот татко и неговата земја.

“Не само ти, сите можеме да ја прескокниме оградата ако не нападнат”, рече Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.