(ВИДЕО) Најсуровото запросување на сите времиња: Сите мислеа дека е мртов, а потоа стана и ја побара љубената за жена

Еден маж ја лажираше својата смрт на мотор во сообраќајна несреќа, а потоа “се врати во живот” за да ја запроси својата вознемирена девојка.

Снимката од овој настан е забележана на Филипините. На неа се гледа како Џефри Делрио лежи на улица, додека полицајката ѝ кажува на неговата девојка да се подготви за најлошото.

Додека тој лежеше, таа се свртела кон него и почнала да плаче.

Меѓутоа, набрзо станал и клекнал на едно колено и од џебот ја извадил кутијата со прстен. Во тој момент ја запраша својата девојка дали сака да се омажи за него и таа се согласи.

Кога се согласи, таа ја прегрнала полицајката и заплакала од среќа и олеснување што момчето ѝ е живо.

Целата глетка беше снимена од пријател на овој пар, кој запросувањето го карактеризирал како романтично.

Меѓутоа, нè сите беа импресионирани. Имаше и такви кои сметаат дека постапката на овој маж била сурова.

На Интернет излегоа бројни коментари од жени кои викаат дека иако не умрел во сообраќајка, тие би го сметале за мртов да се на место на неговата девојка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.