(Видео) Најпознатиот јутубер на Балканот ги воодушеви сите: Одеше од врата на врата и им даваше пари за сметки на социјални семејства

Данило Бадњар, познат како Чода, еден од најпознатите и најплатените јутубери на Балканот, пред неколку дена ја воодушеви целата домашна јавност кога сними видео во кое на луѓе од Котеж и Крњаче им дава пари за сметки.

Всушност, тој поделил околу 90.000 динари на домаќинства на кои тоа им е потребно, а на крајот од видеото заплакал од среќа затоа што имал можност да направи такво нешто.

“Јас и мојот другар камерман појдовме до неколку куќи во Крњача, а потоа и во Котеж. Секоја врата на која затропав ми отворија. Беа срдечни и се заблагодарија”, вели Данило за српски “Информер”.

“Наредниот ден отидов во солитер во блокот 23 во Нов Белград. Речиси никој не сакаше да земе пари. Очигледно станарите во овој дел од градот стојат подобро финансиски. Сепак, ми рекоа да им ги дадам тие пари на оние на кои им е потребно”, додава Чода.

Чода го напушти средното училиште за да игра игри и се посветил на работата на јутјуб, но подоцна го завршил вонредно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.