Најголемата добивка во историјата во италијанската популарна лотарија, СуперЕналото, вредна 209 милиони евра беше извлечена вчера, а среќниот тикет е купен во местото Лоди.
Добитникот за две евра купил тикет во бар во “Марино” и ја добил феноменалната добивка.
Оваа добивка ја надмина лотаријата на Еуромилиони и Еуроџекпот каде најголемиот износ беше 75 милиони, како и американската Мега Милиони и Пауербол, каде се извлечени добивки од 56 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).