Научниците на “Томас” фондацијата од Велика Британија успеаа да го пронајдат местото каде пророкот Мојсеј го разделил Црвеното море, настан кој е опишан во Стариот завет.
Египетскиот фараон му дозволил на Евреите да го напуштат Египет каде биле робови.
Меѓутоа, фараонот набрзо ја променил одлуката и тргнал со војска, знаејќи дека ќе ги начека пред Црвеното море.
По молитвата Бог му помогнал на пророкот Мојсеј да го раздели морето и луѓето преминале на другата страна. Кога војската тргнала кон нив, морето се затворило.