Во последните напади во Сирија, бомбите ги разнеле автобусите во кои бегалците чекале евакуација. Во тој напад загинале 126 лица, а меѓу нив и 60 деца. Меѓу оние кои преживеале е и ова мало ангелче, девојче кое и покрај сите маки и болки собра сила да се насмее.
Токму ова девојче е извлечено под мртвите тела на загинатите во нападите.
Екипите за спасување брзо ја евакуирале и со тешки повреди на главата ја префрлиле во болница.
Еден од болничарите се обидел да и ги промени мислите и од хирушките ракавици направил балони. Со овој потег успеал да намами насмевка на лицето на девојчето.
Ф.Г.