Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, а со тоа се заврши една ера на најтрофејниот европски клуб.
Роналдо премина во Јувентус и остави празно место во тимот, како и познатата “седумка”.
Јавноста очекуваше од “Кралскиот клуб” да го донесе Еден Азар од Челзи и да му ја предадат “седумката” на Роналдо, но најверојатно ништо од тоа, бидејќи веќе е избран наследникот на Португалецот.
Во разговор за “Диарио гол”, оваа информација ја откри капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
-Дресот му припадна на Марко Асенсио.
Во Реал имаат многу надеж во 22-годишниот крилен напаѓач, на чудно што му укажаа чест да го наследи дресот на Роналдо.