(ВИДЕО) МУ ГО “УКРАДЕ” ШОУТО НА ТРАМП: Стана од инвалидска количка и трпеливо чекаше претседателот да забележи

Осумгодишно дете од Индијана, кое било инспирација за да се донесат сојузните закони кои на телминално болните лица им даваат “право да пробаат” експериментални лекови, му го украде шоуто на Доналд Трамп.

Момчето Џордан Меклин стана од инвалидска количка и стоеше покрај масата на која американскиот претседател го потпишуваше законот, пишува Дејли Меил.

Додека Трамп ги потпишуваше документите, детето повеќе пати се обиде да го прегрне. По неколку неуспешни обиди, претседателот го виде, го прегрна и бакна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.