(ВИДЕО) МРАЧНИТЕ ТАЈНИ НА ЏОРЏ СОРОС: Скандалите кои го одбележале животот на милијардерот

soros

Милијардерот Џорџ Сорос е еден од најконтроверзните и најмоќните личности во светот. За едни тој е борец за демократија и херој на источна Европа. За други тој е најзлобниот човек во светот, бидеќи финансира голем број на радикални организации ширум светот.

За време на американските избори откриени се неговите врски со неуспехот на Хилари Клинтон, а се откри дека тој е сопственик на машините за гласање во 16 Американски држави. Меѓутоа, како што пишува “Listverse”, овие настани покажуваат дека тој веќе децении бил контроверзна личност и надвор од политиката.

10. Уништување на “Англиската банка”

Во 1992 година британската валута ја изгубила вредноста толку многу што била отфрлена од европската статистика. Оваа вест се прошири во светот, а повеќе од 3 милијарди фунти од владините резерви биле изгубени преку ноќ. Британија била понижена, фунтата на колена и луѓето изгубиле дел од заштедата. Позади ова стои, кој друг ако не Џорџ Сорос.

Во тоа време работел како валутен шпекулант за фондот Квантум и го предводел ударот на британската валута. Ја продавал валутата и покасно ја купувал со ниски цени. Потоа говорел дека заработил милијарда фунти, тргуваќи со туѓи пари. Во историјата тој ден е запамтен како Црна среда и по 25 години Џорџ Сорос е и покасно е непожелна личност за дел од Британците.

9. Азиска финансиска криза

Азиската финансиска криза 1997 година му ги уништила животите на милиони луѓе и упропастила неколку влади. Иако секоја земја различно ја оцени оваа криза, малезиската валута била една од најсилно погодените.

Рингитот (малезиската валута) изгубил повеќе од половина од својата вредност,  а Сорос бил главниот виновник за тоа. Тогашниот малезиски премиер Махатир Мохамед, отворено го оптужи Сорос за уништувањето на нивната економија.

8. Уништување на тајландската банка

Епицентарот на азиската криза бил Тајланд чија валута изгубила 60% од вредноста. Сорос заработил огромна сума на пари, а милиони луѓе останале без работа и повеќе од половина милион странски работници биле принудени да го напуштат Тајланд, бидеќи неколку сектори во индустријата буквално ги снемало.

7. Обид за уништување на Хонг Конг

Откако го урна пазарот на Тајланд и Малезија, Сорос се свртел кон Хонг Конг. Бил уверен дека е прашање на време кога ќе успее да ја сруши и нивната економија, но тогашниот министер за финансии Доналд Чанг Јам-куен бил навистина голем експерт.

Потрошил повеќе од 100 милијарди хонгконгшки долари за да го запре Сорос и неговите планови. Самиот Сорос признал дека Јам- куен е заслужен за финансискиот опстанок на Хонг Конг.

6. Трошел премногу пари на политика

Во средината на претходната деценија преку ноќ се појавиле голем број на групи кои собирале донации и делувале во политиката.

Користеле различни начини како би ги заобиколиле пречките за политички донации и кога сојузните влади конечно одлучиле да делуваат, “America camping together” добила казна од 775.000 долари.

Тоа е сеуште една од највисоките казни кои ги изрекла сојузната влада на некоја политичка организација.

Еден од најголемите донатори бил токму Сорос и помогнал да им се соберат повеќе од 130 милиони долари за време на кампањата за претседателските избори во 2004 година.

5. Ја финансирал Лајн Стјуарт

Омар Абдел Рахман ги инспирирал бомбашите во 1993 година кои се обиделе да го срушат “Светскиот трговски центар”.

Имал тајни врски со египетските терористи и ја наговорил адвокатката Лајн Стјуарт да пренеси пораки на соработниците надвор од затворот.

Властите тоа го откриле и го оптужиле Сорос за помагање на терористи. Сосросовата организација “Институтот за отворено општество” ја финансирала одбараната на Лајн Стјуарт. Таа е осудена на 10 години затвор поради помагање на терористи.

4. Лицемерен данок

Откако се открило дека заработил повеќе од 13 милијарди долари со избегнување на данокот, американските власти ги промениле законите и наредиле Сорос да плати 6,7 милијарди долари заостанат данок. Тој ги изиграл властите и ги префрлил сите тие пари во Ирска.

3. Бизарни секс-скандали

Сорос има 86 години и веќе децении е еден од најбогатите луѓе во светот па не не’ чуди што “познатиот заводник на манекенки” има голема залиха на скандали зад себе.

2. Тајни напади на Израел

“ФОндацијата Отворено општество” последниве 8 години финансира цела мрежа на тајни организации кои се обидуваат да влијаат на американската политика. Имаат само една цел, а тоа е раскинување на политичките врски помеѓу САД и Израел. Израел така би останал без најмоќниот партнер.

1. Оптужен за трговија со информации

На крајот од осумдесеттите години, Сорос добро заработил бидеќи знаел дека се подготвува превземање на француската банка “Сосиете женерал”. Заработил повеќе од 2 милиони долари на тоа превземање, но и денес тврди дека не е крив.

Француското и европското правосудство го осудило поради тргување со информации и на крај се донело одлука да плати 2,3 милиони долари, кои до ден денес ги нема платено.

 

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.