Видео од 2015 година пред пелагониското дерби Победа-Пелистер, моменти кога фудбалскиот жар се враќаше во фудбалски Прилеп во сезоната во која Победа се врати во Првата лига.
Стадионот “Гоце Делчев” беше полн со публика и се веруваше дека фудбалскиот миленик на прилепчани ќе се врати на старите патеки.
Гледано од денешна перспектива, Победа одново се наоѓа во понизок ранг на натпреварување, реконструкцијата на стадионот сеуште не е завршена, а клубот се наоѓа во тешка резултатска криза, па дури е можно испаѓање и во трета лига.
Погледнете ја оваа прекрасна атмосфера: