РК Прилеп во овие моменти го игра последниот натпревар од сезоната, а противник е втората екипа на Еурофарм Пелистер. Натпревар кој се игра пред полна трибина во “Ристе Ристески-Ричко”, каде прилепчани мораат да освојат бодови за обезбедување сигурен опстанок во ракометната Супер лига.
Ова е последен натпревар и за капитенот Филип Велески, столбот на прилепчани, кој денеска се збогува со ракометните терени и заминува во спортска пензија.
Велески беше предводик на екипата сезонава и како најискусен во тимот успеваше да им вроди мотивација на своите помлади колеги. Беше верен на клубот во сите моменти, дури и кога било најтешко.
Жестоко се бореше на терените, а неговите погодоци често беа и клучни за бодови. Ни останува да му честитаме за постигнатото и да му посакаме успех во животот во иднина.